На еден од најголемите денови во животот Леброн Џејмс замина на долг пат дома. Кога се најде во својот роден град Акрон, Џејмс се упати со моќниот „ферари“ кон гимназијата „Сент Винсент - Сент Мери“, потоа помина покрај куќата на Силвер стрит, каде што неговата мајка Глорија почна сама да го одгледува. Тој го посети игралиштето „Бундокс“, на кое тој и неговите пријатели ги практикуваа првите баскет-дриблинзи.
Џејмс во понеделникот ги повтори чекорите што го доведоа до НБА-суперѕвезда. Во улога на незапирлива офанзивна сила што прерасна во елитен одбранбен играч оваа сезона, тој ја освои престижната МВП-титула за лигашкиот дел од првенството. Наградата му беше врачена во салата каде што прв пат стана ѕвезда.

No comments:
Post a Comment